Охрид — град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради
големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и
Европски Ерусалим.Охрид е познат и како „град на светлината“ што
претставува буквален превод на неговото старо име,Лихнид.
Географија
Градот
Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во
Охридско-струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.
Охридски маала
Маала во Охрид се: Варош, Канео, Месокастро, Кошишта, Воска, Лабино, Кара-бего Маала, Влашка Маала, Христо Узунов, Стобекс...